Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, му „одржа лекција“ на Килијан Мбапе по неговите испади за време за репрезентативната пауза.
Мбапе заработи повреда на 25 септември, на натпреварот од Лигата на нациите на неговата Франција против Турција. Но, наместо периодот на рехабилитација да помине во целосен мир, во јавноста се појавија снимки и фотографии од негови активности надвор од фудбалот и тоа го налути Мурињо.
Французинот беше забележан во Париз со актерката Естер Еспозито, а потоа како вози велосипед на швајцарските Алпи.
Тоа предизвика незадоволство кај дел од навивачите на Реал, по што реагираше Мурињо кој реши да ги презеде работите во свои раце.
Според информациите на „Ел Чирингито“, Мурињо за време на појадокот во тренинг кампот на Реал Мадрид му одржал лекција на напаѓачот. Португалскиот стратег бил исклучително директен и му порачал на Мбапе дека јавно ќе го брани пред медиумите, но дека во клубот нема да толерира однесување кое не го смета за професионално.
Мбапе по разговорот со Мурињо во понеделникот одработил индивидуален тренинг, а со дозвола на клубот подоцна отпатувал со приватен авион за Париз. Според објавените информации, во Мадрид се вратил истиот ден во вечерните часови.
Французинот, вчера не тренирал со остатокот од екипата. Токму затоа неговиот статус за следниот натпревар е неизвесен, а дел од медиумите шпекулираат дека следниот натпревар на Реал Мадрид, Мбапе може да не биде во првиот тим.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.