Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, не може да остане на страна во војната на зборови меѓу првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас и „кралскиот клуб“, која започна по мадридското дерби кое го доби Атлетико со 2:0.
На прес-конференцијата пред дуелот на Реал Мадрид со Севиља, Мурињо беше запрашан за коментарот на Тебас кој клупската телевизија на Реал Мадрид и нејзините соопштенија ги спореди со нацистичката пропаганда на Јозеф Гебелс.
„Тој влезе во област која може да се оправда само како клинички случај. Навивачите на Реал Мадрид добро сфаќаат со што се соочуваме. Подобро е да не зборувам повеќе поради угледот кој го има шпанскиот фудбал“, изјави Мурињо.
Тебас вчера упати остри зборови кој клупската телевизија која веќе подолго време јавно ги прозива судиите во Ла Лига, и притоа нивните настапи ги спореди со методите кои ги спроведуваше министерот за пропаганда во нацистичка Германија, Јозеф Гебелс.
Таквата споредба предизвика жестока реакција на Реал Мадрид кој побара итна оставка на Тебас.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.