Реал Мадрид, потпиша уште едно засилување, но овој пат не станува збор за играч.
Кралскиот клуб одлучи да го зајакне своето водство, па најновото засилување на Флорентино Перез ќе предизвика многу контроверзии во европскиот фудбал.
Успешниот претседател на Реал го ангажираше Бернд Рајхарт, човек кој со години беше едно од најпрепознатливите лица на проектот Суперлига и ја водеше компанијата А22 Спортс Менаџмент, задолжена за негова промоција.
Неговото доаѓање во Мадрид привлече внимание токму поради сè што се случи во европскиот фудбал во последните години.
Суперлигата беше голем проект на Перез, замислен како алтернатива на постојниот систем на европски натпреварувања, а Рајхарт имаше важна улога во обидот да се реализира таа идеја.
На крајот, проектот не оживеа, а многу од неговите критичари се на мислење дека Перез сега всушност му враќа услуга на Рајхарт затоа што всушност Реал е тој што најмногу ја поддржуваше таа идеја.
Според информациите од шпанските медиуми, Рајхарт ќе го преземе управувањето со деловниот сектор на Реал Мадрид и ќе му поднесува извештаи директно на генералниот директор на кралскиот клуб, Хозе Анџело Санчез. Шпанските медиуми наведуваат дека тој ќе биде одговорен за комерцијалните операции, договорите за спонзорство, мерчендајзинг и економската експлоатација на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.