Фудбалерите на Бетис продолжуваат со одличните игри сезонава, а последна жртва им е Осасуна која е совладана со убедливи 5:2 во рамки на осмото коло во Ла Лига.

Ова беше шеста победа за Бетис во Ла Лига и со новите три бода се израмни со Атлетико Мадрид на делба на второто место на табелата со 19 бода, пет помалку од лидерот Барселона, но еден повеќе од Реал Мадрид.

За тоа колку добро игра сезонава Бетис, најдобро покажува податокот дека првпат во 2026 година тимот од Севиља дава пет гола на официјален натпревар.

Победата ја најавија Иско со голот од пенал во 10-та минута и Езалзули кој во 31-та минута погоди за 2:0.

Во второто полувреме, Будумир со постигна автогол, а потоа ја затресе и мрежата на Бетис за 3:1. Гарсија намали на 3:2 и внесе резултатска неизвеснот која траеше до 67-та минута. Тогаш Иско погоди за 4:2, а конечниот резултат го постави Моранте во судиското продолжение.