Шпанскиот новинар Роберто Гомес откри кој ќе ја дели правдата на првото Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид сезонава, кое треба да се одигра на 25 октомври на „Камп Ноу“ во рамки на десеттото коло во Ла Лига.
Гомес гостувајќи во емисија на радио Марка, откри дека Ернандез Ернандез ќе биде главен судија на Ел Класико.
Водителот Раул Варела веднаш се пошегува откако го слушна името на Ернандез Ернандез.
„Па тоа се лоши вести. Сега започнува кампањата да не се дозволи тој да суди, па утре можеби ќе се спомне името на Фран Сото. Не го сакам како судија и не ми се допаѓа како судеше на претходните Ел Класика. Сметам дека погрешно би било Ернандез Ернандез да биде главен судија“, рече водителот Варела.
На овие зборови од водителот, возврати новинарот.
„Сега упропасти сè. Повеќе би сакал да суди Мартинез Мунуера, на пример. Многу ми се допаѓа“.
По седум кола во Ла Лига, Барселона е лидер на табелата со максимални 21 освоен бод, додека Реал Мадрид е четврти со шест бодови помалку.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.