Рафиња ги надмина проблемите со повредата поради која ги пропушти последните две средби на Барселона и ќе биде во комбинација за утрешниот дуел против Бетис.
Гостувањето во Севиља ќе биде сериозен предизвик прет претстојното Ел Класико, па одлично за Флик е што за адут ќе го има Бразилецот кој е најдобар стрелец на Барса сезонава. Барса славеше на последните два меча против Хетафе и Галатасарај на кои голгетерот не беше во тимот, но сега проблемите со повредата заработена на репрезентативната пауза се минато и тој ќе биде во тимот на катлаонскиот гигант.
„Подготвен е и ќе може да игра. Дополнително ќе решиме колку бидејќи пред нас се тешки мечеви во низа и ќе мораме да внимаваме на здравјето на фудбалерите. Ако го прашате Рафиња, ќе ви каже дека е подготвен да игра по 90 минути на секој натпревар“, изјави Флик на денешната прес-конференција.
Воедно, тој обелодени и дека Френки де Јонг конечно е „фит“ по повредата поради која Холанѓанецот беше „во аут“ уште од стартот на сезонава. Каталонските медиуми тврдат дека поради фактот што Родри е незаменлив во средниот ред, Флик почнал со експерименти на тренинзите во кои Де Јонг го користел како централен дефанзивец во тимот.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.