Идната недела се игра најголемото светско фудбалско дерби, популарното Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид, а „војната на зборови“ почна уште сега.
Вечерва (18.30 часот) Барселона му гостува на Бетис во рамки на деветтото коло во Ла лига, а од Мадрид тврдат дека натпреварот е наместен.
Причина за ваквите обвинувања на фановите на Реал Мадрид е податокот дека тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, планира за вечерашниот дуел со Барселона да одмори дел од стандардните првотимци бидејќи в среда шпанскиот тим повторно го очекува натпревар во Лигата на шампионите против Феенорд.
„Ова е доказ дека првенството е наместено. Против Реал играа како да станува збор за дуел во Лигата на шампионите, го оставија животот на теренот, а против Барселона најдобрите ќе ги остават на клупа за да им дадат три бода на каталонците“.
„По ова, потребно е да се изврши сериозна истрага“.
„Навикнете се, вака многу екипи ќе играат против Барселона“.
„Прв Расинг, па сега Бетис. Ла Лига стана смешна“, се најчестите коментари на револтираните навивачи на Реал Мадрид откако дознаа дека Бетис нема да игра со најсилниот тим против Барселона.





Comments
No comments yet. Be the first to share your thoughts.